Шекеринска го брани премиерот


Она што премиерот Зоран Заев го кажа во интервју за БГНЕС не е негација ниту на фашистичката опасност, ниту на нашата антифашистичка борба, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шеќеринска.

– Планот, политиката е да не дозволи тоа што се случувало пред 70 години да ни биде единственото нешто за што дискутираме во 21 век – објасни Шекеринска.

Темните страници од балканската историја не треба да ни бидат судбина и ако европските нации најдоа сила да не забораваат, но да простуваат, тоа треба да го правиме и ние. Нашиот обид како Влада е да наоѓаме решенија кои ќе ни обезбедат европска иднина, додаде таа.