Шефот на СТО предвреме заминува од функцијата


Претседателот на Светската трговска организација (СТО), Роберто Азеведо, планира да ја напушти својата позиција пред да му заврши мандатот во 2021 година, пренесува германската агенција ДПА.

62-годишниот Бразилец го доставил овој план до владите членки на СТО, објави денеска Блумберг, повикувајќи се на четири лица запознаени со ова прашање.

Азеведо е претседател на трговското тело со седиште во Жeнева од 2013 година.

Тој во април рече дека СТО очекува светската трговија да падне за 13 до 32 проценти оваа година, како резултат на кризата со коронавирус.

СТО се соочуваше со системски проблеми уште пред пандемијата на коронавирус, која ја уништи глобална трговија.