Шефот на црногорската дипломатија Ибрахимовиќ во посета на земјава

Во официјална посета на земјава ќе престојува потпретседателот на Владата за меѓународни односи и министер за надворешни работи на Црна Гора, Ервин Ибрахимовиќ.
Домаќин на Ибрахимовиќ ќе биде министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Како што информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, според агендата ќе се одржи официјален пречек и тет-а-тет средба помеѓу министрите Муцунски и Ибрахимовиќ.
Исто така, двајцата министри ќе потпишат меморандум за разбирање и билатерална средба со делегациите на двете министерства.
И на крајот предвидена е и заедничка прес-конференција на министрите Муцунски и Ибрахимовиќ.
Ибрахимовиќ денеска ќе го посети Собранието, каде ќе се сретне со претседателот на Собранието, Африм Гаши.