Шарлот ја освои Летната НБА лига

Шарлот го победи Сакраменто со 83:78 во последниот натпревар од Летната лига на НБА.
Ова е шеста победа на Хорнетс во исто толку натпревари, по што тимот го освои летниот турнир.
Сакраменто е на второто место со пет победи во шест натпревари.
Два тима од Летната лига не успеаја да победат во ниту еден натпревар: Њу Орлеанс и Орландо.