Шанса за Центар: Гори рециклаторен центар, компанијата е овластена за преземање на литиум јонски батерии


Граѓанската иницијатива Шанса за Центар денеска преку Фејсбук тврди дека пожарот во Трубарево е во компанија која е овластена за преземање на литиум јонски батерии. 

Нивниот статус го пренесуваме во целост: 

„Гори рециклаторен центар, соработник на НУЛТА ОТПАД, инаку оваа компанија е овластена за преземање на литиум јонски батерии од апарати и возила, како секаков електронски отпад.
☠️Треба да се знае кога горат литиум- јонски батерии најтоксична супстанца која се ослободува е хидроген флуорид (HF), која може да предизвика тешки нарушување на здравјето доколку е во затворен или полузатворен простор. Спореде европската агенција за хемикалии (ECHA) HF е класифициран како многу токсичен, корозивен и опасен за здравјето дури и при ниски концентрации. Покрај HF, при горење на батериите гори и електролитот кој е внатре како и пластиката и амбалажата во која се спакувани. Од нив дополнително се ослободува јаглерод диоксид (CO₂), јаглерод моноксид (CO), соединенија што содржат хлор, азот, сулфур и ред други соединенија кои не се нетоксични.
☠️Кога гори електронски отпад во кој многу често има печатени плочки, пропратна пластика и други материјалот како олово (Pb), кадмиум (Cd), хром (Cr), никел (Ni), бакар (Cu) и цинк (Zn) со горењето се создаваат соединенија кои ги содржат овие елементи.
🔥Дополнително литиум-јонските батерии при горење развиваат многу високи температури (од 800- па до 1600 степени зависно од јачината) дури прават и мини експлозии.
🚩Се надеваме дека пожарникарите се соодветно заштитени“, пишуваат од Шанса за Центар.