Севернокорејските војници во Украина станале зависници од интернет порнографија
Севернокорејските војници кои за првпат им се придружија на Русите, имаат непречен пристап до Интернет, кој го користат за гледање порнографија, дознава „Фајненшл тајмс“ од добро информиран извор, објави „Њујорк пост“.
Војниците од оваа изолирана држава се бореа за првпат во Украина во понеделникот, но нивната борба наводно почнала многу пред да стапнат на бојното поле, и тоа, против сопствените демони, се вели во извештајот. Нивната битка започнала кога добија бесплатен и непречен пристап до интернет.
„Обично сигурен извор ми кажува дека севернокорејските војници распоредени во Русија никогаш порано немале неограничен пристап до Интернет. Како резултат на тоа, тие се навлечени на порнографија“, напиша колумнистот на Фајненшл Тајмс, Гидеон Рахман на социјалната мрежа „Икс“.
Рахман не одговори на прашањето како неговиот извор ги знае интернет навиките на 10.000 севернокорејски војници испратени од Ким Џонг Ун да ги поддржат воените напори на Путин.