Северна Африка и стравот дека заборавениот конфликт повторно ќе ескалира: „Војна е решение, нема што да изгубиме“


Додека целиот свет сѐ уште е фокусиран на настаните во Украина, но и на областа Газа, тензиите во Северна Африка, поради територијата на Западна Сахара, се уште се присутни, а членовите на движењето за независност нагласуваат дека војната е единствената решение.

На повеќе од 4.000 километри од Газа, во пустината Сахара, има бегалски кампови во југозападен Алжир, во кои се сместени бегалци од Западна Сахара, спорна територија што предизвикува тензии меѓу Мароко и Фронтот Полисарио, организација која се бори за независност на територијата.
„Луѓето од Западна Сахара истакнуваат дека со Палестинците споделуваат сè, од идентично знаме, историја, но и судбина. Тие тврдат дека и двата народа биле малтретирани со децении и дека нивните лидери неуспешно се одлучиле за дипломатија за да се решат нивните територијални проблеми со Израел и Мароко“, наведува шпански Ел Паис.

Од ноември 2020 година, фронтот Полисарио го прекрши примирјето со Мароко. Примирјето беше на сила од 1991 година, но од 2020 година тензиите повторно ескалираа.

„Крајот на повеќедецениското примирје беше крик на надеж за младите кои копнееја да се вратат на оружје“, рече Зарга Абди, основач на организацијата Revolucionari in Struggle.

Абдалахе пораснала во Шпанија, но се вратила во бегалските кампови убедена дека само оттаму ќе може да ја промени ситуацијата.

Претседателот на Демократска Арапска Република Сахара, Брахим Гали, лидерот на непризнаената држава, смета дека ситуацијата е се уште тензична.

„Ние сме во војна“, рече Гали.

Иако тензиите се уште постојат, Обединетите нации се на мислење дека тие се на минимално ниво.

„Обединетите нации, четири години по прекинот на примирјето, сметаат дека непријателствата се со низок интензитет. Мароко дури и не признава дека постои оваа вооружена конфронтација“, објаснува Ел Паис.

Сепак, жителите на Западна Сахара се на мислење дека војната ќе продолжи.

„Војната е решение. Немаме што да изгубиме. Она што не е решение е живата смрт во бегалски камп. Ова трае долго време“, рече Абдалахе.

Слично мислење имаат и други помлади луѓе кои потекнуваат од оваа територија.

„Кога татко ти има историја на борба, мораш да ги следиш неговите стапки. Ако не, тоа би било недостаток на почит“, вели Бокар Умар, режисер и поет по потекло од Западна Сахара.

Освен граѓаните, мислењето дека ескалацијата со Мароко треба да продолжи, го делат и претставници на фронтот Полисарио.

„Полисарио го почитуваше мировниот договор и ние продолживме да работиме како и досега. Ако не ги постигнавме нашите цели преку мир, тогаш тоа ќе биде преку оружје“, изјави функционерот Салем Мохамед Салек.