Северина го освои Скопје со изгледот – и на концерт и на прошетка
Регионалната поп-ѕвезда и модна икона го освои Скопје со својот изглед. Северина синоќа имаше спектакуларен концерт во арената „Борис Трајковски“, а на Инстаграм се пофали со модното издание достојно на холивудските ѕвезди, што го избра за оваа пригода.
Пејачката избра впечатлив мини фустан со нјуд боја на познатата хрватска дизанерка Матија Вујица. Во горниот дел наликуваше на тесен корсет, кој беше речиси целосно проѕирен. Долниот дел од фустанот беше украсен со светки и циркони, во комбинација со сребрени отворени сандали. Од накит носеше предимензиониран прстен во форма на ѕвезда и уште еден, малку посуптилен прстен на другата рака, како и сребрени обетки.
За прошетката низ Скопје, пред концертот, трет по ред во „Борис Трајковски“, Северина избра, исто така впечатлива дневна комбинација од повеќе бои со што го потврди својот статус на модна икона.