Сесија на Клубот на истражувачите на Народна банка


Фото: Б. Грданоски

Пред Клубот на истражувачите на Народна банка денеска на 47. сесија ќе биде презентиран трудот „Студија на настан за реакцијата на балканските берзи на конфликтот меѓу Русија и Украина“ од авторите Горан Мојаноски и Весна Буцевска.

По презентирањето на трудовите, како што најавија од Народна банка, e предвидена дискусија.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија. Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.