Сервер: Вучиќ не е подготвен за историски компромис, како Заев и Ципрас
„Александар Вучиќ докажа, дека во овој момент, не бара искрено решение за косовскиот спор“, изјави Даниел Сервер, професор на Вашингтонскиот универзитет Џонс Хопкинс и експерт за Балканот за Гласот на Америка.
-Мислам дека луѓето тука се во заблуда, дека тој е подготвен да направи историски компромис, изјави Сервер, додавајќи дека верува да нема никакво сомнение дека Ивица Дачиќ и Ана Брнабиќ се луѓе во кои косовските водачи имаат премногу доверба.
Говорејќи за посетата на Метју Палмер, заменик-помошник државен секретар на САД во Белград и разговорите со претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ, Сервер посочи дека лидерите на Србија и Косово не покажаа желба во дијалогот, да направат чекор како Зоран Заев и Алексис Ципрас, кои го завршија деценискиот спор меѓу Македонија и Грција.
-Неминовен проблем во односите меѓу двете страни сега се царините кои на Србија и ги воведе Приштина. Сепак, фер е да се каже дека има многу проблеми и на двете страни. Од приштинската страна, тоа е кампањата на Србија со која на Косово и се блокира членството во меѓународни организации. Ако во овој момент бев активен дипломат, би се обидел да применам пакет мерки за градење на доверба – во вид на неформална размена, без објавување. Укинување на царините, во замена за прекин на кампањата на српските власти што се спроведуваат со цел да го блокираат членството на Косово во меѓународни организации. Исто така, мислам дека е многу важно, Европската унија да го исполни ветувањето за воведување на визна либерализација за Косово. Не може да се оправда фактот дека ова сè уште не е направено. Знам дека ова беше понудено во замена за укинување на царините – така што можеби, во таа смисла, би можело да се подготви некаков троен пакет , изјави Сервер за Гласот на Америка.
Запрашан што би можело да биде целта на посетата на Метју Палмер, со оглед на тоа што официјално ништо ново не е објавено, Сервер одговори дека негово мислење е да- тој само се обидувал повторно да ги покрене работите.
Во врска со престојниот самит во Париз посветен на Косово, Сервер изјави дека главна цел на овие средби е да го рестартираат дијалогот. “Ако не успеат во тоа, тогаш во потполност се губи поентата на се. Французите можеби нема да го споделат ова мислење, бидејќи велат дека ваквите иницијативи ги враќаат во игра на меѓународно ниво. Мислам дека во моментов не постојат услови за постигнување на договор, кој би имал поширок опсег “.
Запрашан дали поделбата, замената на територијата или промените на границите се уште се реални, Сервер кажа дека тоа го опишува како зомби состојба.
-Во суштина е мртво, но талка низ Земјата со надеж дека може да се оживее. Но ова е само лоша идеја, бидејќи Косово и Србија не можат да се договорат за она што навистина другата страна го сака. И ова лоша идеја, бидејќи ќе го дестабилизира Западниот Балкан, но и Грузија, Молдавија и Украина, оцени тој, додавајќи дека „секогаш ќе има луѓе кои ќе се обидат оваа идеја да ја обноват“.