Серискиот убиец Нермин Сулејмановиќ се самоуби пред полицијата


Серискиот убиец Нермин Сулејмановиќ, кој денеска уби најмалку три лица во Градачац, се самоубил пред очите на полицијата, дознава Klix.ba.

Сулејмановиќ прво ја убил сопругата, а злосторството го пренесувал во живо на Инстаграм.

Тој не застанал тука и продолжил со крвавиот чин. Како што потврдија за Klix.ba од Обвинителството на кантонот Тузла, најмалку три лица се убиени. Исто така, има и неколку ранети.

После тоа повторно контактирал со Инстаграм, во живо, од непозната локација. Таму зборуваше за тоа како ги извршил убиствата.

Покрената е голема полициска акција, а како што дознаваат босанските медиуми тој потоа се самоубил пред очите на полицијата.