Серава добива уредено корито кај Радишани

Денеска почна уредувањето на речното корито на реката Серава во должина од 1.500 метри во населеното место Радишани. Паралелно ќе се пристапи и кон изградба на нова пешачка патека.
Овој проект чини 42 милиони денари, а изведувач е ДГТУ „Ленди груп“ ДООЕЛ Скопје.
Според градоначалникот, Дарко Костовски, коритото ќе се уреди со камен од двете страни, а потоа ќе се пристапи со изградба на трим-патека, каде локалните жители ќе може да се рекреираат.
Според Костовки, изградбата на коритото на Серава треба да трае година и пол, иако по разговорите со изведувачите, тој смета дека тоа моќе да се случи и порано од предвидениот рок.
Најави дека потоа ќе продолжат и со следниот потег во Бутел 1.