Сензација во НБА: Санс го испраќаат Дурант во Рокетс

Големи вести доаѓаат од светот на НБА. Финикс Санс го испраќаат Кевин Дурант во Хјустон Рокетс, а Џејлен Грин и Дилон Брукс одат во спротивна насока, според инсајдерот на ESPN, Шамс Чаранија. Покрај нив, Финикс ќе го добие и десеттиот избор на драфтот во 2025 година и уште пет избори во втората рунда од драфтот.
Овој трансфер ја завршува двегодишната епизода на Дурант со Санс, која ја започна со пристигнување од Бруклин Нетс во голема размена пред преодниот рок во 2023 година. Потоа, во замена за Дурант, Нетс ги добија Микал Бриџис, Кам Џонсон и четири избори од првата рунда на драфтот.
Санс сакаа да ги комбинираат Дурант со Девин Букер за да се обидат заедно да ја освојат шампионската титула во исклучително конкурентната Западна конференција, но тимот никогаш не успеа да направи сериозен пробив.
Дурант се опорави од повредата на коленото на време за плејофот во 2023 година, кратко по пристигнувањето во Феникс. Тој им помогна на Санс да се пласираат во втората рунда од плејофот, каде што ги победија Клиперс, но потоа беа елиминирани од евентуалниот шампион Денвер Нагетс. Тоа на крајот ќе биде врвот на ерата на Дурант со Санс.
BREAKING: The Phoenix Suns are trading two-time NBA Finals MVP Kevin Durant to the Houston Rockets for Jalen Green, Dillon Brooks, the No. 10 pick in the 2025 draft and five second-round picks, sources tell ESPN. pic.twitter.com/EwrbA2ES9O
— Shams Charania (@ShamsCharania) June 22, 2025
Следната сезона, Дурант одигра 75 натпревари, неговата прва целосна сезона со Феникс. Санс завршија со резултат 49-33, завршувајќи шести на Западот, но беа поразени од Минесота во првата рунда од плејофот.
Сезоната 2024-25 беше разочарувачка за Феникс, кои го пропуштија плејофот по скромниот резултат од 36-46, што ги смести на 11-то место во конференцијата. По ова следеше отпуштањето на тренерот Мајк Буденхолцер во април, по само една сезона на клупата.
По отпуштањето на Буденхолцер, имаше извештаи дека клубот ќе соработува со Дурант за да најде нова дестинација – и сега тоа е потврдено. Дурант повеќе не е играчот од деновите на MVP, но тој сè уште има квалитет на Ол-стар на 36-годишна возраст и наводно привлече интерес од повеќе клубови кои се стремат кон титулата, вклучувајќи ги Минесота, Хјустон и Мајами.
Во сезоната 2024/25, Дурант беше избран за Ол-стар натпреварот по 15-ти пат во својата кариера и ја заврши сезоната со просек од 26,6 поени, шест скока, 4,2 асистенции и 1,2 блокади по натпревар. Тој шутираше 52,7% од полето и 43% од три поени.
Оваа размена е уште едно големо поместување во Западната конференција, по големата размена на Лука Дончиќ за Ентони Дејвис, трансферот на Де’Арон Фокс во Спарс и трансферот на Џими Батлер во Вориорс во текот на сезоната.