Сензација на Евробаскетот: Грузија ја победи Шпанија


Во првото коло од Групата Ц на Евробаскетот се случи вистинска сензација.

Репрезентацијата на Грузија убедливо ја победи Шпанија со 83:69, која на турнирот пристигна со статус на еден од фаворитите. Сепак, тоа не го покажаа на првата средба, во која неочекувано беа поразени со значителна разлика.

Грузија до голема победа ја предводеше Сандро Мамукелашвили со 19 поени, седум скока и шест асистенции. Гога Битадзе и Торнике Шенгелија беа многу добри со 15 и 13, соодветно. Најдобар за шпанската репрезентација беше Ернангомез со 13 поени.

Во групата Ц, заедно со Грузијците и Шпанците, се уште и Босна и Херцеговина, Грција, Италија и домаќинот Кипар. Во следното коло, Грузија игра со Италија, додека Шпанците ќе се соочат со Босна и Херцеговина. И двата натпревари се закажани за 30 август. Овој пораз би можел многу да ги чини Шпанците бидејќи беа поразени со значителна разлика, што би можело да биде проблем при одредувањето на позициите во групата.