Семејството на Стивен, кој загина во Кран-Монтана, бара донации за погребот


Семејството на 16-годишниот Стивен Ивановски, кој загина во пожарот за новогодишната прослава во „Констеласион“ во Кран-Монтана, Швајцарија, бара донации за да ги покрие трошоците на закопот на момчето. На прославата Стивен бил со својата сестра, која за среќа е меѓу преживеаните.

„Стивен го загуби животот во тој бар. Неговата сестра, која излезе малку на воздух, за среќа преживеа. Трагичен сплет на околности. Случајност. Страшната судбина на ова братство“, објави Македонското друштво Пианец во Швајцарија, на социјалните мрежи.

Трансакциските сметки се отворени за да се помогне на семејството да се справи со погребните трошоци, како и да се обезбеди финансиска поддршка во овој длабок период на жалост, кога болката се надоврзува на материјалните грижи, додаваат од друштвото.Како што претходно објавија од Македонското друштво, погребот беше вчера на гробиштата во Орон-ла-Вил.

Жиро сметка за Македонија: 300057104118092 Комерцијална банка на име Александра Ивановска (мајка на Стивен).