Семејна кавга на Сицилија заврши со пет мртви


Семејна кавга во сицилијанскиот град Ликата заврши крваво – пет лица се убиени, меѓу кои и две деца.

Еден 48-годишник го убил својот брат, неговата сопруга и двете деца на возраст од 11 и 15 години, со пиштол.

Потоа побегнал од местото на злосторството, а додека полицијата трагала по него, извршил самоубиство.

Медиумите пишуваат дека минатите денови доаѓало до чести кавги меѓу двајцата браќа околу распределбата на имотот.

Убиецот имал пушка и три пиштоли.