Сем Алтман му одговори на Маск за понудата да го купи Опен АИ: „Не, благодарам. Но, ако сакате, ќе го купиме Твитер“


Сем Алтман, ко-основачот на Чет ГПТ (Chat GPT), се обрати до Илон Маск откако Маск рече дека планира да ја купи неговата компанија OpenAI. Тој му посвети објава на X во која откри што мисли за плановите на Маск.

„Не, благодарам. Но, ако сакате, ќе го купиме Твитер за 9,74 милијарди долари“, напиша Алтман. Тој директно не го спомна Илон во објавата, но на многумина им беше јасно што сакаше да каже.

Реакциите во коментарите беа мешани: „Сеуште ја нарекувате платформата Твитер. Почитувајте“, „Внимавајте што посакувате. Што ако тој се согласи?“, „Купете ја, а потоа избришете ја! Благодарам однапред“, „Време е за битка со вештачка интелигенција: GPT против Грок“, „Додадете уште неколку милијарди“, „Цензурата на OpenAI е бесмислена. Продадете ја“, „Прво ти требаат 9,74 милијарди“.

 

Маск веднаш одговори на повиците.

– Измамник – напиша накратко Маск.

 

Да потсетиме, Маск и Алтман го коосноваа OpenAI во 2015 година. Четири години подоцна, Маск ја напушти компанијата, по што Алтман стана извршен директор. Откако OpenAI објави промена во бизнисот, Маск и уште неколку инвеститори дадоа понуда да ја купат компанијата.

„Како ко-основач на OpenAI и најиновативниот и најуспешен лидер во технолошката индустрија во историјата, Илон Маск е најдобрата личност за заштита на технологијата на OpenAI“, изјави претходно адвокатот на Маск, Марк Тобероф.