Селион Дион преку видео ја поздрави публиката на Евросонг во Базел (фото + шоу)

Базел– Селин Дион беше на врвот на листата на желби на продуцентите да настапи на Изборот за песна на Евровизија во Базел во Швајцарија, каде што суперѕвездата победи на натпреварот како млад изведувач пред 37 години. Но тоа не се случи заради нејзината болест, ама преку видеопорака, поп-ѕвездата ја поздрави публиката на спектакуларната сцена Сент Јакобшале во Базел, ѝ им посака незаборавно шоу на домаќините и добра забава на учесниците.
Џери Хајл, Јоланда, Марина Сати и Силвестер Белт, синоќа, ѝ оддадоа почит на Дион. На спектакуларна сцена со визуелни и светлосни ефекти и со симфониски оркестар, ни приредија несекојдневно музичко уживање со хитовите на Селин кои станаа безвременски.
Ова беше последен пат Швајцарија да победи на натпреварот до минатата година, кога тие триумфираа со The Code на Немо, што значи – како што е вообичаено –дека тие се овогодинешни домаќини на настанот кој започна синоќа и ќе трае до сабота.
Француско-канадската пејачка беше далеку од сцената во последните неколку години, откривајќи во интимен документарец во 2024 година дека се борела да настапи и на крајот и бил дијагностициран синдром на вкочанета личност, што ги попречувало нејзините движења и гласовни способности.