Селена Гомез изгуби 715 илјади следбеници откако објави видео во кое го критикува Трамп
Селена Гомез изгуби повеќе од 715.000 следбеници откако сподели видео во кое плаче поради постапките на Доналд Трамп во неговата прва недела од функцијата. Американската пејачка и актерка со мексиканско потекло беше вознемирена поради неодамнешните постапки на Доналд Трамп, поточно депортацијата на мигрантите.
Според податоците од платформата Social Blade, Гомез изгубила повеќе од 715.000 следбеници на социјалните мрежи во последниот месец. Сè уште не е јасно дали загубата е директно поврзана со видеото во кое таа изјави: „Ги напаѓаат сите мои луѓе, моите деца ги напаѓаат. Не разбирам. Жал ми е, посакувам да можев да направам нешто. Но не можам, не знам што да правам. Ќе пробам сè, ветувам“.
Набргу потоа, таа го отстрани видеото и наместо тоа објави црна слика со натпис: „Очигледно не е во ред да се покажува сочувство кон луѓето“. Селена е една од најследените луѓе на Инстаграм.
Статистиката на ICE покажува дека повеќе од 1.000 луѓе биле депортирани или вратени во нивните матични земји во изминатата недела. Трамп ја нарече ситуацијата на американско-мексиканската граница „национална криза“ и ѝ нареди на американската војска дополнително да ја обезбедува границата.
Претседателот, исто така, тврди дека мексиканските нарко-картели се „странски терористички организации“ и дека автоматското државјанство за децата на недокументирани имигранти родени на територијата на САД ќе биде ограничено.
View this post on Instagram
И Ким Кардашијан изгуби следбеници по објавата за Меланија Трамп
Селена Гомез не е единствената славна личност која изгубила голем број следбеници по објавите поврзани со Трамп. Ким Кардашијан изгуби речиси 150.000 следбеници минатата недела откако на Инстаграм објави фотографија од Меланија Трамп од претседателската инаугурација.
Ријалити ѕвездата сподели фотографија од облеката на Меланија, креација на њујоршкиот дизајнер Адам Липс. Иако Кардашијан никогаш јавно не откри за кого гласала на претседателските избори, некои оваа објава ја протолкуваа како политичка порака.