Села: Мемеди со оставка ја исправува нанесената неправда на Алијансaта за Албанците
Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села оставката на Мемеди, ја нарече „исправање на нанесената неправда“.
-Немам зошто да го коментирам чекорот на Весел Мемеди. Едноставно, тој даде оставка, неговиот мандат беше мандат на коалицијата Алијанса за Албанците и на некој начин се исправува нанесената неправда, со самиот факт што го сврте грбот на оваа коалиција-истакна Села.
Доколку Собранието ја одобри оставката на Мемеди, мандатот ќе премине во рацете на Арта Точи од редовите на Алијанса за Албанците. Според Села, со ова би се зацврстила позицијата на неговата партија.