Села ќе гласа за интерпелацијата на Димитров зошто тоа се очекува од опозиција


Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села ќе ја поддржи интерпелацијата на ВМРО-ДПМНЕ за вицепремуерот Никола Димитров. Тој во дебатниот магазин “Клик плус“ рече дека во Собранието пратениците на неговата партија ќе ја поддржат секоја иницијатива за интерпелација.

„Ненормално е да не гласам за интерпелација покрената од опозициска партија. Ние сме опозициска партија и би требало да ја поддржиме секоја иницијатива за интерпелација“, рече тој.

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ вчера до Собранието поднесе предлог за интерпелација на вицепремиерот Никола Димитров со образложение дека го игнорирал законодавниот дом.