Секој против секого: Ључи ќе биде надвор од Алтернатива додека Гаши е внатре

Заменик-министерот за култура, Даим Ључи, на својот Фејсбук профил го обвини раководството на Алтернатива дека го бојкотирале во секоја негова иницијатива во текот на последните осум месеци и рече дека се додека Африм Гаши, Зеќирија Ибрахими и Беким Сали се на чело на партијата, тој нема да биде дел од неа.
„Не плачете како жени, кога не сте способни да заштитите како мажи“, напишал тој. „Меѓудржавните договори што успеав да ги постигнам почнаа да им сметаат на некои поединци на Алтернатива, особено на лидерот на партијата Африм Гаши, поранешниот генерален секретар Баким Сали, од нив бев игнориран, или поточно, беше бојкотирана секоја моја иницијатива“, додаде Ључи.
Тој обвинува дека по Конгресот на Алтернатива, иако имал политичка функција, бил единствениот функционер на партијата кој не бил член на Централното претседателство и дека бил отстранет од сите централни партиски форуми.
„Јавно изјавувам дека додека Африм Гаши, Зеќирија Ибрахими и Беким Сали се на чело на Алтернатива, јас ќе бидам надвор од сите партиски структури, стојам на иста политичка линија со пратеникот Скендер Реџепи-Зејди за Алтернатива и за ова немам никаква политичка и морална обврска да одговорам на желбата или на повикот на некои политички пропаднати поединци со задоволување на нивното его, а најмалку на кланот Африм Гаши“, порача тој.
Инаку, Скендер Реџепи Зејд денес имаше средба со премиерот Димитар Ковачевски на која го отворил прашањето за меѓународна ревизија или евалуација на или евалуација на судските случаи „Монструм“, „Диво насеље“, Малиот Алмир“, „Алфа“, а можеби и на „Никола Младенов“ и „Љубе Бошковски“, како услов да гласа за новиот владин кабинет. Според Реџепи, Алтернатива никогаш не побарала од Владата меѓународна ревизија за, како што вели, монтираните случаи, кои беа главна точка од договорот за владина коалиција меѓу Алтернатива и СДСМ. Гаши во гостување на ТВ АлсатМ рече дека за барањето за меѓународна истрага за тие случаи како дел од договорот на Алтернатива може да зборува само партијата и партиските органи
„Секој друг пратеник што ќе примени точка од договорот ќе биде добредојдено. Кој и да ја турка оваа агенда, ние сме благодарни за тоа. Ние напишавме писмо, го доставивме до премиерот, тој се консултирал со поранешниот министер за правда, за евроинтеграции, направија друга верзија, ни го вратија, ја видовме конечната верзија, ја усвоивме и ја испративме во канцеларијата на премиерот. Тој требаше овие денови да го потпише писмото и да го испрати, сè е спремно“, рече Гаши, но немаше одговор зошто писмото сè уште не е испратено.