Секој петти Ковид – пациент може да развие психички проблеми
Анксиозност, депресии и несоница според една нова британска студија на Универзитетот Оксфорд се најчестите долгорочни последици од заболување од Ковид- 19
Речиси една година по појавата на новиот вид коронавирус САРС – КоВ-2 познато е дека овој агресивен патоген не ги напаѓа само белите дробови и дишните патишта, туку може сериозно да го оштети срцето, крвните садови, нервите, бубрезите и кожата. Во јули британските невролози беа шокирани од сознанието дека САРС-КоВ-2 дури и кај пациенти со лесни симптоми или веќе излечени, може да предизвика тешки последици на мозокот и централниот нервен систем, како психози, парализа и мозочни удари кои често доцна се препознаваат.
Научниците од Центарот за биомедицинско истражување на Оксфорд открија дека секој петти пациент може да развие проблеми со менталното здравје како последица на болеста. Особено изолацијата може да доведе до нарушувања како анксиозност, депресии и несоница. Научниците ги објавија своите наоди во стручниот магазин „Лансет психијатрија“.
Линк до текстот на Дојче веле тука