Сејдиу: Ќе ги решиме сите приговори ако не не блокираат намерно

Фото: Б. Грданоски

Во Управниот суд пристигнале 75 тужби од Алијансата за Албанците, откако претходно партијата Интегра поднесе една тужбa,а се очекуваат и најавените две тужби од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица. Претседателот на Управниот суд, Бурим Сејдини порача дека ако нема сериозни обиди за блокада на судот ќе успеат навреме да ги решат сите тужби кои ќе пристигнат до нив. Тој сепак не ја исклучува можноста Управниот суд да биде блокиран бидејќи согласно Изборниот законик предвидено е одржување на јавните расправи на која подносителот на тужбата има право на збор.

-Се надеваме дека истото нема да биде злоупотребено, туку ќе биде во функција на подобро разјаснување на фактичката состојба. Не тврдам дека Управниот суд би се блокирал бидејќи ги направивме сите неопходни чекори за сè да биде навремено. Но, доколку дојде до некоректно искористување на правото на збор во јавната расправа, особено ако е точно дека би пристигнале 2.000 тужби, рокот од 60 часови би се пробил. Една наша симулација покажува дека доколку до нас стигнат 2.000 тужби и за секоја од нив има јавна расправа само од пет минути, тогаш ќе ни требаат 10.000 минути, вели Сејдини.

Управниот суд има рок од 60 часа да одговори на сите тужби, по што ДИК ќе треба да ги соопшти конечните резултати од изборите одржани на 15 јули.Со хаштази  „ве насанкавме“ и „урбанагерила“, Апасиев најави преку социјалните мрежи филибастеринг, односно долга расправа за неговите приговори.За ваквиот пост на Апасиев, поранешниот сопартиец Бранимир Јовановиќ напиша:

„Ако мислите среде најголемата криза која ја познаваме да блокирате институции и правите циркуси за да добиете внимание, вие не сте за политика, туку за “риалити шоу”.