Седумгодишно дете повредено во сообраќајка кај Неготино
– Денеска околу 5:00 часот на автопатот Неготино – Демир Капија, на два километри пред бензинска пумпа „ДЕТ ОИЛ“, патничко возило „Тојота РАВ 4“ со австриски национални ознаки, управувано од M.В.(34) од СР Германија, излетало од патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобило седумгодишното дете, сопатник во возилото, кое било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, појаснува Додевски.
Извршен е увид на местото на настанот.