Седумдневно летување за деца од семејства со социјален ризик
Министерството за труд и социјална политика е задолжено во рок од пет дена да донесе Програма за седумдневен одмор на децата опфатени со овој проект, како и да објави повик на Национална радиотелевизија во сите редакции, веб-страницата на Министерството за труд и социјална политика и во центрите за социјална работа во јуни 2019 година за учество на заинтересираните деца во оваа програма.