Седум кандидати на СДСМ ќе одржат прес конференции: Ќе откриваат скандали со тендерски шеми


Под слоганот „4 години разочарувања – 4 години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ“, СДСМ започнува серија прес-конференции посветени на катастрофалното владеење во изминатите четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ќе ја прикажеме реалноста којашто граѓаните добро ја знаат: скандали со тендерски шеми, поскапени давачки за граѓаните, неисполнети ветувања, хаос во општините, урбана мафија и корупција.ВМРО-ДПМНЕ ја претвори локалната самоуправа во сервис за бизнис интересите на партијата и локалните моќници, а граѓаните ги заборави“, се вели во соопштението на СДСМ. 

Денеска, почнувајќи од 11.00 часот, во седиштето на СДСМ ќе се одржи првиот серијал прес конференции:

  1. Прес конференција на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
  2. Прес конференција на кандидатот за градоначалник на Битола, Методија Куновски.
  3. Прес конференција на кандидатката за градоначалничка на Прилеп, Петра Лукаровска.
  4. Прес конференција на кандидатот за градоначалник на Охрид, Асен Шајн.
  5. Прес конференција на кандидатот за градоначалник на Штип, Павел Иванов
  6. Прес конференција на кандидатот за градоначалник на Свети Николе, Дејан Гичев.
  7. Прес конференција на кандидатот за градоначалник на Неготино, Петар Мантев.
  8. Прес конференција на кандидатот за градоначалник на Куманово Мартин Костовски.