Седницата за АНБ одложена, СДСМ ќе почне да ја објавува вистината за случајот

Од опозициската партија инсистираат на декласификација на материјалите за случајот АНБ, додека од власта бараат Обвинителството да го расчисти случајот и правна разрешница и казни за, како што велат, оние што ги злоупотребувале ресурсите на Агенцијата за следење на лидерот на тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а сега премиер, Мицкоски, новинари и бизнисмени.
„Зошто после речиси една недела од објавувањето на наводите за наводно следење власта не ја отпочнува процедурата за декласификација на документите со случајот АНБ? Зошто самиот Мицкоски не побара декласификација на документацијата од Агенцијата за национална безбедност во која наводно бил следен? СДСМ започнува со објавување на вистината за случајот АНБ. Кои се причините и што се крие зад бегањето на власта од декласификацијата на документите?“- се вели во соопштението со најавата на СДСМ.