Седница на Уставен суд, ќе се разгледуваат 14 предмети што Судот ги оформил по сопствена иницијатива


Фото: Б. Грданоски

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 12. седница со  дневен ред на којшто се предвидени 14 иницијативи за оценување на законитоста и уставноста за предмети што Судот ги отворил по сопствена иницијатива.

Станува збор за предмети во коишто, како што соопштуваат од Судот, се оспорени одредби од повеќе општини, а се однесуваат на автентично толкување на општините за акти кои самите ги носат. 

Од Судот информираат дека судиите дополнително ќе одлучуваат за пет предлози за предмети во коишто веќе е исцрпена дискусијата.