Се запали градски автобус кај комплексот банки во Скопје, повредени нема
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2019/08/Avtobus-na-JSP-izgoren-vo-Gjorce-1-bg_resize.jpg)
Во центарот на Скопје, кај комплексот банки, попладнево се запали автобусот на ЈСП. Повредени нема, а пожарот веќе е изгаснат.
Како што потврди за МИА Владимир Симоновски од Противпожарната бригада, причината за пожарот е запалување на моторот на автобусот.
– Причина за пожарот најверојатно е моторот на автобусот, можно е да станува збор за истекување на нафта. Противпожарната екипа интервенираше во гаснење на пожарот и сега е завршено, рече Симоновски.
И од МВР потврдија дека „причината за пожарот е моторот“ и дека тој веќе е изгаснат.