Се уште нема договор меѓу власта и опозицијата за Законот за јавно обвинителство


Фото: Б. Грданоски

Се уште нема договор меѓу власта и опозицијата за Законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши идниот статус на Специјалното јавно обвинителство. И по вечерашната средба во Министерството за правда остануваат клучните разлики околу статусот на СЈО и употребата на аудио материјалите.

Претставниците на власта и опозицијата, кои учествуваа на средбата вечерва изјавија дека разговорите продолжуваат и е оставен простор за консултации. Дополнително ќе биде утврден нов термин за средба.

Министерката за правда Рената Дескоска – Треневска се надева дека за Законот ќе биде обезбедено двотретинско мнозинство и оти законот ќе биде донесен пред изборите.