Се урна воен авион во Словачка, пилотот се катапултирал
Воен авион од советско производство Миг-29 од составот на словачките воздухопловни сили се урна за време на обука, на 100 километри источно од Братислава, соопшти Словачкото Министерството за одбрана.
Како што се додава во соопштението, пилотот успеал да се катапултира пред несреќата и е хоспитализиран во стабилна состојба, надвор од животна опасност.
Словачката армија ја приземји својата флота на авиони Миг-29 сè додека не се утврди причината за несреќата.