Се урна унгарски воен хеликоптер кај Дрниш: Пронајдени две тела, се трага по третиот член на екипажот


Воен хеликоптер се урна во Шибеничко-книнската жупанија, а Министерството за одбрана на Хравтска соопшти дека не се работи за хеликоптер на нивните вооружени сили

Медиумите дознаваат дека се пронајдени остатоците од хеликоптерот и две тела, а се трага по третиот член на екипажот.

Пронајдени се остатоците од хеликоптерот што се урна во областа Паково Село, во кањонот на реката Чикола, потврди  шефот на ХГСС, Јосип Брозичевиќ.

Засега се пронајдени телата на двајца членови на екипажот, а потрагата по третиот член се уште е во тек.

Министерството за одбрана соопшти дека хеликоптерот се урнал и додаваат дека во потрагата се вклучиле и хеликоптерот Ми-171 Ш од Дивуље и авионот Пилатус на хрватското воздухопловство.

Во потрагата учествува и ХГСС Шибеник, на терен е и брза помош, а полицијата ги блокирала пристапните патишта.

Не се работи за хеликоптер на вооружените сили на Република Хрватска, соопшти Министерството за одбрана, додавајќи дека за сите детали навремено ќе ја информираат јавноста.

Станува збор за хеликоптер на унгарските вооружени сили кој бил на обука во Хрватска, дознаваат хрватските медиуми.