Се уредува зеленилото на излез од Скопје


Од ЈП „Паркови и зеленило“ информираат дека се уредува зеленилото на излез од Скопје. 

– Денес со машинско косење на тревната површина теренските екипи започнаа уредување на страничното зеленило и жардиниера долж булеварот Александар Македонски. На потег од мостот во населбата Маџари, сѐ до регионалниот пат Скопје – Велес на излез од градот се коси тревната површина и дивоникната нискостеблеста вегетација, со цел овозможување на поголема прегледност и безбедност на учесниците во сообраќајот, информираа од претпријатето. 

Динамиката на активностите за средување и уредување на теренот ќе продолжи и во наредните денови, велат надлежните.