Се реконструира интернатот за средношколци во Кавадарци
Започна реконструкцијата на ученичкиот дом ,,Крсте Петков Мисирков’’, информираат попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
Реконструкцијата, како што појаснуваат, опфаќа комплетно реновирање на собите, тоалетите, кујна, ходници и на влезни партии.
Се работи за инвестиција на Општина Кавадарци во висина од 5.500.000 денари, се додава во соопштението, додека изведувач на работите е фирмата ,,Јоска транс” од Битола.