Се расчистува патот кон одморалиштето Михајлово – има метар снег


Се расчистува патот кон одморалиштето Михајлово, Кавадаречко, информираа вечерва од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. 

-Зимската служба на јавното претпријатие ,,Комуналец” и пожарникари од територијалната противпожарна единица Кавадарци работат на расчистување на патот кон Михајлово од паднати дрвја и наноси снег во висина од еден метар. Ќе се интервенира на терен до целосно расчистување, соопштија од кабинетот на Јанчев.

Вчера изутрината,  од кабинетот на градоначалникот информираа дека Михајлово се разбудило во најубавата снежна покривка од околу 25 сантиметри. 

Ова е уште предзнак дека љубителите на снегот, од крајот на декември ќе можат да уживаат во убавините на Скијачкиот центар Михајлово, додадоа вчера од кабинетот на Јанчев.