Се продава пиштолот со кој се самоубил Винсент ван Гог


Пиштолот, со кој се верува дека бил убиен од еден од најпознатите уметници на сите времиња, Винсент ван Гог, ќе биде понуден на аукција на 19 август на аукција организирана од аукциската куќа „Аукшн арт“.

Се шпекулира дека пиштолот „lefaucheux“ со калибар од седум милиметри, кој некои го опишуваат како најпознато оружје во светот, може да достигне цена од 60.000 евра.

Винсент ван Гог се застрелал во градите на 27 јуни 1890 година среде пченкарни полиња во предградијата на Париз, а починал 30 часа подоцна.

Во тоа време оружјето не било пронајдено. Дури во 1960 година селанец од околината пронашол пиштол со кој се сметало дека бил застрелан холандскиот сликар.

Досега оружјето беше изложено како експонат во Музејот на Ван Гог во Амстердам. Во последниве години постои теорија дека Ван Гог не извршил самоубиство, туку дека бил убиен.

Стивен Наујф и Григори Вит Смит, авторите на биографијата за Ван Гог, „Ван Гог: Живот“, тврдат дека познатиот сликар е жртва на случаен престрелка на двајца тинејџери што ги знаел.