Се преврте чамец со 11 луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

Во близина на Бачка Паланка се преврте ноќеска чамец во Дунав и според неофицијални информации на РТС има и настрадани. Во чамецот имало 11 кинески државјани
Спасувачите се уште се во потрага по неколку исчезнати лица, додека екипи на брза помош, полиција и противпожарна заштита се на терен.
Надлежните органи најавија дека ќе објават официјално соопштение за причините за несреќата откако ќе заврши истрагата.