Се предлага „15-ка“ да тргнува на секои 56 минути


Фото: Б. грданоски

 

Место во 2026 година, автобусот со број „15“ на ЈСП, кој тргнува од Ново Лисиче и го првзува со Карпош 4, поминувајќи низ центарот на Скопје, неговата зачестеност да се зголеми, однсоно да сообраќа на секои 4 минути, со новиот предлог возен ред за линиски автобуски превоз во Скопје, се предлага тој да тргнува на секои 56 минути.

Дел од советниците имаа забелешки на овој предложен возен ред. Дополнително, други советници укажаа на тоа дека се предлага да се укине линијата со број „35“, што е единствена директна линија која ги поврзува Аеродром и Чаир, а велат има многу граѓани кои одат на работа меѓу овие две општини.

Беше укажано и дека возниот ред треба да се менува, но по советување со граѓаните, да се слушнат нивните потреби, дури и за поставување на нови постојки.

Една советничка укажа дека досега се дискутирало и за воведување нови линии кои би се движеле по „Илинденска“ и по „Орце Николов“, за да не се движат сите по „Партизанска“. Се спмнувало и да се воведат линии кои одат по „Самуилова“, каде се наоѓа и Стара скопска чаршија и бројни музеи кои никако не се поврзани со јавен превоз.

Но, овие дискусии не се одразени во предлогот за возен ред за линискиот превоз со кој граѓаните ќе имаат предвидливост на тргнувањата на автобусите.

Исто така, советниците предложија на пензионерите да им се овозможи бесплатен јавен превоз секој ден, но со временско ограничување од 10 до 14 часот претпладне и еден период попладне кога нема да сметаат на сите други патници кои се обидуваат да стигнат на работа или во училиште. 

На градоначалникот и на советниците од ВМРО-ДПМНЕ им беше укажано дека доколку претходните години гласаа за набавка на нови автобуси, денеска ќе разговараа за поинаков возен ред, со кој автобусите ќе тргнуваа на 5 минути, а не да се укинуваат линии или да се проретчуваат.(Б.Б.)