Сè повеќе жртви на Ковид-19 во Хрватска


Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 2.919 нови случаи на инфекција со коронавирус, а 57 лица починале.

Денес, Националниот штаб за цивилна заштита издаде соопштение со последните податоци за состојбата на епидемијата на корона вирус во Хрватска.

Бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 23.062. Меѓу нив, има 2.273 пациенти на болничко лекување, од кои 260 пациенти се на апарати за дишење.

Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, вкупно 126.612 лица се заразени со новиот корона вирус, од кои 1.712 починаа, а вкупно 101.838 се опоравија, од кои 3.373 во последните 24 часа.