Сè поголем број заразени и починати во Србија, денеска 7.579/41


Според последните информации во Србија се потврдени 7.579 нови случаи со корона вирус, а починаа 41 пациент.

Тестирани биле 22.231 лица, а на респиратори се 223 пациенти.

Во болница од Ковид-19 се лекуваат 6.597 заболени, а стапката на смртност во Србија е 0,93 отсто.

Од почетокот на апндемијата тестирани се 1.682.416 граѓани, а потврдени се 140.608 случаи.