Се подготвува нова листа на амбасадори
До собраниската Комисија за надворешна политика нема нови предлози за амбасадори, изјави денеска претседателот на ова законодавно тело, пратеникот Антонио Милошоски.
Одговарајќи на новинарско прашање за информациите во јавноста за амбасадор во Белград, Србија, тој рече дека до Комисијата нема испратено предлог, но исто така и за други држави.