Се отвори Македонско село – автобуски превоз поретко

По седум кгодини откако претсана со работа етно-комплексот Македонско село на планината Водно во Скопје, повторно е отворен, а со него, во слените 15 години ќе управува „Ла тераца“.
Сепак, и овој комплекс же биде достапен само со авотомобил, а за оние кои немаат или не сакаат да возат до таму, автобускиот превоз е редок. Како што вели директорот на Службата за општи и заеднички работи ан Владата, Ивица Томовски, ќе се чека нов градоначалник на Скопје, за да се воспостави поредовен автобуски превоз.
„Автобуски превоз има, но многу е редок. Се надевам дека со доаѓање на нов градоначалник на Скопје ќе има поредовни линии, а со сегашниот градоначалник немаме баш некое разбирање за сѐ што значи држава и државност“, рече Томовски на отворањето на комплексот.
Од фирмата концесионер велат дека целта им е да ја вратат автентичноста на комплексот којашто ја изгубивме во последните седум години.
„Целта наша ни е да го претвориме комплексот во едно автентично туристичко место кое повторно ќе биде ставено на мапата за туристички дестинации за домашни и странски туристи и посетители’, рече претставничката на компанијата и ги упати сите кои сакаат повеќе детали да ги посетат нивните социјални профили.
За Томовски, Македонско село значи идентитет и култура, раскажан преку автентичната архитектура на старите македонски куќи.
„Комплексот е многу значаен за Градот Скопје. Еден од аспектите е дека ова е всушност идентитетот, на културата, на нас Македонците на државата бидејќи има 12 куќарки коишто имаат сопствена архитектура, која ја прераскажува нашата многувековна историја од минатото. Со отворањето на портите на овој комплекс ќе се овозможи додатна туристичка дестинација, за зголемен број на туристи зголемен број на работни места“, рече Томовски.
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека комплексот располага со капацитети за сместување, но и ресторански дел, каде верува, има превкусни македонски јадења.
„Ги повикувам сите оние кои што не го посетиле „Македонско село“, да дојдат во посета, да уживаат овде, во тоа што го нуди овој објект“, рече премиерот Мицкоски.
Комплексот Македонско село беше изграден во 2011 година, а прв концесионер беше „Тинекс“, кој се јави на вториот јавен повик за јавно-приватно партнерство и го доби за месечна кирија од 3.500 евра. Првиот повик го доби „Тренд“, но веднаш се откажа од концесијата. Етнокомплексот има 12.000 квадратни метри и е изграден во стилот на традиционалната македонска архитектура. Во него работеа 50 вработени, а се очекуваше вкупната бројка да биде околу 70. Првичната цел и замисла за отворање на овој комплекс беше да се зголеми туризмот во Скопје, па и во Македонија.
Комплексот се состои од 12 тематски куќи, а секоја претставува по еден град од Македонија – беровска, делчевска, кумановска, реканска, струшка, прилепска, тетовска, кратовска, галичка, битолска, велешка и куќа од Скопска Црна Гора.
Но приказната за овој комплекс заврши во октомври 2018 година кога компанијата „Тинекс“, која беше првиот концесионер на комплексот од неговото отворање во 2016 година, информираше дека нема економска исплатливост и дека комплексот во континуитет работел со загуби. Во меѓувреме, СОЗР редовно ги подмируваше трошоците за осигурување и обезбедување и практично досегашните финансиски загуби достигнаа сума од околу 350.000 евра.
Во „Македонско село“ младите претприемачи ќе отвораат сопствен бизнис без плаќање режиски трошоци
Претходната Влада имаше идеја овој комплекс да го претвори во стартап село, но и таа идеја пропадна.