Се откажува наставата во некои училишта во Скопје поради немање парно


Музичко училиште - Скопје (Фото: Б. Грданоски)

Утрово без парно греење останаа повеќе делови на Скопје. АД ЕСМ Снабдување информира дека е поради зголемени загуби на вода во топлификациската дистрибутивна мрежа.

Поради овој дефект првиот училишен ден од второто полугодие поминува со скратени часови. А, во музичкото училиште „Илија Николовски-Луј“ попладнево нема да има настава, јавува Градска.мк.

Од ЕСМ Снабдување со топлина соопштуваат дека екипите на Дистрибуција на топлина се на терен и активно работат на изолирање на проблемот, со цел воспоставување стабилен хидрауличен режим во системот и нормализација на снабдувањето со топлинска енергија.

Проблемот со истекување на вода од системот е лоциран на потегот од „Веро центар“ до Олимписки, каде се работи на санирање.