Се огласи Шредер: „Одамна се откажав од надзорниот одбор на Гаспром“


Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер изјави дека ја повлекол кандидатурата за место во надзорниот одбор на рускиот енергетски гигант „Гаспром“.

„Одамна се откажав од номинацијата за надзорниот одбор на ‘Гаспром’. За тоа ја известив и компанијата“, напиша Шредер на неговиот профил на „Линкдин“.

„Гаспром“ не сакаше да го коментира потегот на Шредер, пренесува Ројтерс.