Се одбележуваат улиците низ Општина Чаир


Поставувањето на хоризонтална сигнализација низ повеќе населби на Општина Чаир продолжува со предвиденaта динамика.

Екипите на општинските служби „белите линии“ ги обележаа во населбата Дуќанџик, односно на улиците „Прохор Пчински“ и „Војдан Чернодрински“, додека во населбата Гази Баба на улицата „Чаирска“.

– Исто така, во соработка со вработените на ЈП „Градски паркинг“, ја обележавме хоризонталната сигнализација на паркингот во близина на плоштадот Скендербег и кај ТЦ „Мавровка“. Кога имаме модерна патна инфраструктура, имаме и безбедни граѓани. Ваквите активности ќе продолжат и во наредните денови – најавуваат од Општина Чаир.