Се очекува претседателката на ДКСК денес да даде оставка

Само неколку денови откако обвинителството поднесе обвинение против претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, очекувањата се дека таа денеска ќе поднесе оставка од оваа позиција, потврдиле за ТВ Сител извори блиски до ДКСК.
Според првичните информации, се очекува нејзината оставка да биде официјализирана во текот на денот, а потоа се очекува Собранието да ја констатира и да избере нов член.
Минатата недела, Јавното обвинителство за гонење организиран криминал покрена обвинение за претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Татјана Димитровска.
Јавно беше познато дека е осомничена за оддавање службена тајна во предметот „Адитив“, но освен за тоа дело, во обвинението се товари и за компјутерски фалсификат. Вработен во Државниот завод за ревизија полагал испит за класифицирани информации во нејзино име.