Се обидела да пренесе 5 кг. кокаин во златни пликови како „колачиња на среќата“, фатена е


На аеродромотот Фјумичино во Рим е уапсена државјанка на Кина (40) кај која се пронајдени пет килограми кокаин скриен во куфер во 127 златни пликови со ознака „колачиња на среќата“, соопшти денеска италијанската полиција.

Жената била пресретната и подложена на безбедносна проверка непосредно пред да се качи во авион на лет за Тајпеј, објавува италијанска агенцијa „АднКронос“.

Кокаинот бил скриен во пликови со термички запечатени целофански пакети, тешки по околу 40,7 грама.