Се кастреа гранки на паркинзите


Една недена екипи на ЈП „Градски паркинг“- Скопје, во соработка со  Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, работеа на уредување (кастрење, сечење и кроење) на гранки, грмушки и дива ограда, на повеќе локации т.е. на паркиралишта со кои ние стопанисуваме.

Имено, се сечеа гранки и стари и суви дрвја кои претставуваа опасност за околината и при посилен ветер постоше можност да паднат и да оштетат возила или повредат пешаци. Акциите се спроведоа врз основа на донесени Решенија од страна на Град Скопје на следниве локации:

  • Зона Ц46 – лоцирана кај зградата на МРТ,
  • Зона Ц19 – лоцирана кај Универзална сала, 
  • Зона Д62- на мостот кај парк улицата кај ресторан „Балканика“
  • Кочо Рацин– лоциран спроти Црвен Крст,
  • 8 Септември – лоциран кај Градска Општа Болница 8 Септември и 

Исто така, во соработка со екипи за одржување на јавната хигиена и чистота од Општина Центар по завршување на акцијата за сечење и кастрење гранки се исчисти паркингот „Кочо Рацин“.  Останатите локации беа исчистени од страна на екипи на ЈП Градски паркинг- Скопје, кои редовно се грижат за одржување на хигиената и јавната чистота на паркиралиштата со кои ние стопанисувме.