Се гради нов пат во Ѓорче Петров, врска со клучната сообраќајна артерија кон обиколницата


Во општина Ѓорче Петров се врши пробивањето на нов пат – улица што ќе ја поврзе ул. „Социјалистичка Зора“ со ул. „Сремски Фронт“.

Вкупната вредност на проектот изнесува 8.879.500 денари, од кои најголемиот дел се обезбедени преку капитални дотации од државата, додека остатокот е конфинансиран од општината.

– Создаваме нова врска до ул. „Ѓорче Петров“, клучна сообраќајна артерија кон обиколницата. Ќе го намалиме метежот, со подобро распределување на сообраќајниот проток. Ќе го подобриме движењето на возила и пешаци, а со тоа и квалитетот на живот на граѓаните и ќе обезбедиме поголема безбедност и полесен пристап до главната улица, порача денеска од терен градоначалникот на Ѓорче Александар Стојкоски.

 

За многу кратко време, жителите на овој дел од Ѓорче ќе добијат нов, функционален пристап до главната улица. Посветено, храбро и домаќински – чекор по чекор ја подобруваме инфраструктурата во сите делови од општината, додава тој.